• Мартин Танасковски
Македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски се слободни, затоа што се разделија со романскиот тим Костанца.
На двајцата им истекуваа договорите, па клубот и тие решија да не ја продолжат соработката. Покрај нив, од редовите на романскиот тим заминуваат и уште неколку странски ракометари, па претседателот најави дека во иднина клубот ќе се „потпре“ на домашна сила.
За разлика од Митревски и Маркоски, во иднина дел од Костанца ќе остане Звонко Шундовски како тренер, како и Бранче Ангеловски, како спортски директор.
Костанца не успеа да ја освои титулата во романскиот шампионат, откако во финалната серија загуби од Динамо Букурешт.