Никола Костески ја оперираше Ахиловата тетива и го реши проблемот

Македонскиот репрезентативец Никола Костески имаше проблем со повредата на Ахиловата тетива, па по консултација со лекари и стручниот штаб на Алкалоид реши да направи операција.

Крилото имаше реконструктивен зафат на Ахиловата тетива поради нејзина руптура. Операцијата беше успешна и помина без компликации, а сега следува важната фаза на рехабилитација, со цел што поскоро играчот да се врати на ракометните терени.

Зафатот се изврши во клиниката „Систина“, од страна на Д-р Михајло Ивановски, искусен трауматолог, под менторство на реномираниот д-р Иван Василев – меѓународно признат експерт со долгогодишно искуство во областа на ортопедската трауматологија.

Покрај Никола Костески, операција претходно направи и Марко Митев кој доживеа повреда на лигаментите и го чека пауза.