Никола Карабатиќ во нова улога на ракометниот Мундијал

Славниот Никола Карабатиќ повторно е актуелен во јавноста. Откако реши да се пензионира пред само неколку месеци од активното играње, сега добива нова улога и ќе биде промотор и амбасадор за медиумската куќа „БЕИН Спортс“, а прв ангажман ќе му биде Светското ракометно првенство. 

Прв натпревар на кој ќе работи ќе биде пријателскиот дуел помеѓу Франција и Чешка, а се игра во очи на ракометниот Мундијал. Во следните две години Карабатиќ ќе го гледаме како промотор на „БЕИН“ и на други спортски настани како финалето на НБА лигата, американскиот Супербоул, тениските Грен-Слем турнири и останати. 

Французинот со српско потекло важи за еден од најдобрите ракометари на сите времиња, а во богатата кариера освои безброј трофеи со француската репрезентација и со клубовите во кои настапуваше. За потсетување, Карабатиќ е трикратен олимписки и четирикратен светски шампион.