• Горан Упале

Еден од најдобрите ракометари во историјата и член на Пари Сен Жермен, Никола Карабатиќ сака да потпише нов договор со францускиот гигант, пренесува „Л'Екип“. 38-годишниот бек има договор со францускиот шампион до јуни 2023 година.
„Сакам да останам во клубот и да го продолжам договорот. Се трудам да избегнувам да мислам премногу на иднината, се концентрирам на она што се случува сега. Сè може да помине многу брзо. По повредата прво сакав да ја видам формата, да проценам дали сум добар и дали сум корисен за тимот. Сфатив дека се чувствувам добро, во форма сум и сакам да продолжам“, изјави Карабатиќ, кој најави дека сака да ја заврши играчката кариера на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Карабатиќ пристигна во ПСЖ во 2015 година, а претходно играше за Барселона, Монпеље и Кил. Трипати ја освои Лигата на шампионите со три различни клуба (Монпеље, Кил, Барселона).
Со репрезентацијата на Франција освои четири златни медали на Светските првенства, како и два бронзени медали. На Олимписките игри има три златни медали и едно сребро, додека на Европските првенства освои три златн и два бронзени медали.