• Саше Љолес
Македонскиот ракометар Никола Цветаноски го напушта тимот на Прилеп и следната сезона ќе ги брани боите на словенечкиот клуб Ајдовшчина.
Информацијата ја потврди клубот, кој најави дека Цветаноски ќе биде солидно засилување за екипата и го претстави како еден од најдобрите стрелци во македонската Суперлига.
Цветаноски го заврши тригодишниот престој во Прилеп, а претходно настапуваше за Струга, Голден Арт и Вардар Јуниор.

