Никола Анакиевски прво засилување за новиот Аеродром

Ако минатата сезона не успеа да се промовира во член на Суперлигата, амбициозниот прволигаш Аеродром сезонава има други планови. Овој клуб, иако има млади ракометари, веќе важи за фаворит за шампионатот 2022/23 во Првата лига.  

Левиот бек Никола Анакиевски, кој ги мина младинските категории на Вардар, е прво засилување на Аеродром. Овој талентиран бек не доби премногу шанси во црвено-црниот дрес и настапи само против Војводина во СЕХА лигата.

Клубот најавува доведување на уште неколку нови млади ракометари, со простор за напредок во оваа прволигашка средина. 

Ждрепката за новата сезона Аеродром го однесе во групата Б, заедно со Риниа, Борец, Партизан Гевгелија, Ангели Волково, Астраион, Голден Арт 2, Металург РА, Преспа и Драчево.