Никој не сака да го спаси поранешниот европски првак, дали доаѓа „црната судбина“!?

Во ракометот европските прваци често доживуваат колапс, а еден од клубовите кои може да ја доживее таа судбина е полски Киелце, освојувачот на Лигата на шампионите од 2016 година.

Тимот на Душебаев остана без двата главни спонзори. Претседателот Бертус Сервас бараше помош од државата, арно ама никој не сака да застане зад Киелце во оваа криза. За полскиот гигант доаѓаат тешки денови, иако од клубот наведоа дека следната сезона не е во опасност.

Но, што ќе биде по истата, никој не може да знае. Во минатото најцрното сценарио не го избегнаа Сиудад Реал, Тека и Хамбург, а во тешка позиција беше и македонскиот и европски првак Вардар, но се спаси благодарение на Михајло Михајловски.

Киелце во новата сезона нема да го спонзорираат „VIVE“ и „PGE Capital“, двете компании кои ја креираа финансиската конструкција на екипата.