ФОТО: Нико Ковач навиваше за своите и му го додели признанието на Лука Степанчиќ

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Тренерот на Баерн Минхен и поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, Нико Ковач само што се врати од Доха од зимските подготовки на Баерн Минхен и стигна навреме да присуствува на подвигот на хрватската ракометна репрезентација против Исланд.

Ковач по завршувањето на натпреварот, кој неговите сонародници го добија со 31-27, му ја додели наградата на Лука Степанчиќ за играч на натпреварот. Со осум постигнати гола, ѕвездата на ПСЖ во заминување, ги реши Исланѓаните и донесе значајни хрватски бодови.

Ковач беше само еден од неколку илјади Хрвати во „Олимпија Хале“ кои темпераментно навиваа за својата национална селекција. Скоро сигурно и в понеделник против Македонија, Хрватите ќе бидат мнозинство на трибините. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0