• Горан Упале
Синоќа заврши можеби најуспешната ера на еден спортски колектив во историјата. Женскиот ракометен тим на Хипо по цели 42 години не е шампион на Австрија.
Нов шампион е тимот на Ацгерздорф, кој во големото финале успеа да слави во двомечот со фаворизираниот Хипо. На првиот натпревар гигантот загуби со 22-18, а синоќа пред својата публика не успеа да ја анулира негатива и победи со само два гола разлика 23-21, па така беше приморан тронот да им го препушти на ракометарките на Ацгерздорф.
Ацгерздорф со овој успех стана само третата екипа која може да се пофали со шампионски трофеј од австрискиот шампионат. Хипо е добро позната екипа во нашата држава, затоа што во 2000 година славеше над Кометал Ѓорче Петров во првото финале на македонскиот тим во Лигата на шампионите.