ВИДЕО: Н'Гесан херој на Франција - еве го голот за големото реми против Германија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентациите на Германија и Франција одиграа извонреден натпревар, кој на крајот заврши со реми, а од таквиот исход понезадоволни можат да бидат домашните ракометари.

Имено, на една минута до крајот Германците имаа +1 и напад за победа, но погрешија во додавањето, а во последните секунди се случи вистинска драма. Најпрво беше исклучен Бем, а по изведувањето на фаулот, Тимоти Н'Гесан со разорен удар од девет метри го совлада германскиот голман Волф и донесе конечни 25-25.

Со денешното реми и двете репрезентации обезбедија пласман во следната фаза, а многу веројатно дека таму и Германија и Франција ќе пренесат идентичен број на бодови.

СП, Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 5 4 1 0 138:113 25 9
2 ГерманијаГерманија 5 3 2 0 142:110 32 8
3 БразилБразил 1 5 3 0 2 127:129 -2 6
4 РусијаРусија 1 5 1 2 2 131:127 4 4
5 СрбијаСрбија 5 1 1 3 127:146 -19 3
6 КорејаКореја 5 0 0 5 124:164 -40 0