ВИДЕО: Незапаметен хаос во Скопје го прекина ракометното дерби!

Ракометното дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелситер донесе вистински хаос кога гостинската навивачка група „Чкембари“ влезе на трибини. Гостите користеа пиротехника, дел од несовесни навивачи ја фрлија во неутралната публика.

Полицијата реагираше, но тешко можеше да го смири хаосот. Влегоа и домашни навивачи на терен од трибината и малку фалеше за огромен инцидент. Дел од публиката која беше близу до трибината кај гостинските навивачи кои беа околу 500 ги напушти своите места.

Натпреварот е во прекин, но капитените на двата тима разговараа со навивачите и се очекува дуелот да продолжи. И претходно се случи еден мал инцидент кој мина без голем проблем, кога голманот Урбан Лесјак беше погоден со паричка од трибините. Делегатот предупреди дека салата ќе биде испразнаета при евентуален следен инцидент.