Невиден дебакл на Тиквеш во Охрид, загуби со ДВАЕСЕТ гола разлика!

Ракометарите на Охрид полесно од очекуваното славеа убедлива победа над директниот ривал за Европа, Тиквеш. Во салата „Билјанини Извори“ наместо дерби, видовме доминација на еден тим, а тој беше домашниот, кој на крај славеше со неверојатни 40-20.

  • Комплетниот натпревар меѓу Охрид и Тиквеш:

Така, „гладијаторите“ ја продолжуваат серијата без пораз во новата сезона (четири од четири), додека Тиквеш им се врати на неуспесите и го забележа вториот пораз.

Дербито покрај езерото беше решено уште во првото полувреме. Момците на Алушовски погодуваа од секоја позиција, а на спротивната страна, Тиквеш го имаше само расположениот Мијатовиќ. 

Таквата инерција донесе убедливи 21-12 на полувреме, а охриѓани немаа милост ниту во второто полувреме. Водството на домаќинот се зголемуваше од минута во минута, во листата на стрелците се запишаа и ракометарите од клупата, а на крај тоа донесе убедлива победа од дури дваесет гола разлика (40-20).

Никола Јукиќ со девет и Цицар со пет гола беа најпрецизни во победничкиот табор, додека за Мијатовиќ постигна шест гола за Тиквеш.