Неверојатниот Хансен со 14 гола ја отпиша Норвешка, Данска како лидер патува во главната фаза

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ракометарите на Данска не оставија ништо на случајност и со фантастично издание го совладаа големиот ривал Норвешка со 30-26 и заслужено како лидери (без ниту еден пораз) ја завршуваат првата фаза од групата Ц. За Норвешка пак ова беше прв пораз и во главната фаза патуваат со два бода обезбедени од победата над Тунис.

Иако се очекуваше да биде дерби на групата, сепак, поранешниот европски шампион за краток период го скрши отпорот на Норвежаните, ја презеде иницијативата, наметна свој стил на игра и носен од фантастичниот Хансен на полувреме си обезбеди комотна позитива од три гола (17-14). Ѕвездата на ПСЖ беше незадржлив за противничката одбрана и првите 30 минути ги заврши со неверојатни седум постигнати гола, речиси половина од постигнатите на Данска дотогаш. 

На стартот на вториот дел Данците влегоа во серија и за 15 минути примија само три гола, што резултираше со резултатско одлепување и водство од дури девет гола разлика (25-16). Избраниците на Јакобсен како предвреме да ја прославија и влегуваа од грешка во грешка, но на нивна среќа Норвешка успеа само да намали на четири гола (30-26).

Хансен со 14 гола беше убедливо најдобриот поединец на мечот, додека кај поразената селекција прв поентер беше Јоханесен со пет гола. 

Светскиот шампион Франција потешко од очекуваното запиша нова мундијалска победа, откако во самиот финиш ја скрши Русија, која целиот напревар водеше, но на крај мораше да се задоволи пораз од 23-22. Ричарсон и Мем со по четири гола беа најресположени во победничкиот табор. Кај Русија се истакна Шкурински со четири гола. 

Првото место во групата Д го освои Шведска, која вечерва го совлада националниот тим на Унгарија со 33-30. 

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0