• Горан Упале
Несекојдневна и неверојатна ситуација се случи попладнево на натпреварот ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу екипите на Скопје и Гевгелија.
Двете екипи водеа голема битка во полуфиналето од четвртфиналната фаза, а во самиот финиш се случи скандалозна сцена, во која учествуваа ракометарките на двете екипи.
Имено, во периодот кога требаше да се реши прашањето на победникот, актерите на натпреварот, не само што промашуваа од изгледни ситуации, туку и си постигнуваа автоголови. Најверојатно целта им беше да не извојуваат победа на овој дуел.
Откако ситуацијата на паркетот излезе од контрола, судиите за момент го прекинаа натпреварот, а откако се продолжи со игра на крај победа извојува Гевлегија со минимални 17-16.