• Горан Упале

Репрезентацијата на Македонија има неверојатен старт во дуелот со Турција во Ван, во рамките од второто коло од квалификациите за следното Европско првенство.
Момците на Кирил Лазаров тргнаа брилијантно и се чини дека уште по воведните минути ги решија сите проблеми околку победникот на овој дуел. Никола Митревски блеска на голот, a во нападот играме полетно и ефикасно, па тоа донесе девет постигнати гола и примен само еден. Турците мразот го скршија во 13. минута кога првпат го совладаа нашиот капитен, а една интервенција има и Томовски од пенал.
Така, по 15 минути игра Македонија има водство од 1-9 и би било вистинско чудо доколку го испуштиме истото и не обезбедиме победа на ова гостување.