• Редакција Gol.mk

Преодниот рок во европскиот ракомет е во полн ек, па, како и европските, така и македонските тимови се подготвуваат за предизвиците кои се пред нив. Подновениот Охрид, со Стевче Алушовски на клупата преговараше со босанскиот десен бек, Невен Стјепановиќ. Сепак, поранешниот ас на Еурофарм Работник во следната сезона ќе игра во Белорусија.
30-годишниот Стјепановиќ потпиша договор на една сезона со белорускиот првак Мешков Брест, со можност тој да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката. Овој ракометар во последните неколку сезони играше во шампионатот на Катар, каде има висок рејтинг и голема репутација.
Голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Гоце Ојлески, бекот Никола Стоилевски, дефанзивецот Милорад Кукоски, младиот голман Берин Бркиќ, Хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко и Грузиецот Теимураз Орјоникидѕе се нови имиња во тимот на Охрид за сезоната 2023/24.
Подготовките за новата сезона Охрид ќе ги започне на 22 јули.