ВИДЕО: Несфатливо и срамно - за коментаторот на МРТ2, Стоилов е само „играчот со број пет“

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Несфатлив и срамен инцидент се случи за време на директниот пренос на МРТ2 од натпреварот Македонија - Јапонија во рамките на првото коло на Светското првенство во ракомет. Имено, албанскиот коментатор за време на преносот ниту еднаш не го спомена името на играчот на нашата репрезентација и најдобар поединец на натпреварот според ИХФ, Стојанче Стоилов.

Наместо тоа, коментаторот постојано изговараше „играчот со број пет“ наместо Стојанче Стоилов. Ваквото однесување е непрофесионално, навредливо и понижувачко наспроти еден од нашите најдобри спортисти, амбасадор насекаде низ светот и пример за многу вљубеници на ракометот. Но, претставува и непочитување кон многубројните гледачи на државниот сервис кој го плаќаме ние граѓаните.

Не е тешко да се погоди дека наводно причина за ваквиот однос на коментаторот е напуштањето на Стоилов на манифестацијата „Спортист на годината“ заради двојазичноста на манифестацијата. 

Капитенот на Вардар вчера предизвика многу коментари и со својот пост на социјалните мрежи.

Се очекува реакција на државниот телевизиски сервис за недоличното однесување во текот на целиот пренос. Кој знае како утре ќе го нарекуваат нашиот репрезентативен кружен напаѓач, со години еден од ракометарите со кои се поистоветува нацијата.  

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0