Неприкосновениот Хансен сруши апсолутен олимписки рекорд

Хансен Данска

Микел Хансен од Данска со 133 гола се искачи на врвот на вечната листа стрелци на Олимписките игри.

На дуелот со Португалија, данскиот репрезентативец го надмина достигнувањето на Јон Кјунг-Шин од Јужна Кореја, кој застана на 127 реализации.

Од активните играчи двајца Французи би можеле да го загрозат. Никола Карабатиќ и Мишел Гигу имаат на 100 реализации, но тешко е да се верува дека до крајот на турнирот ќе можат нешто да променат на оваа листа.

Талант Душебаев е трет, а следуваат легенди како Сигурдсон, Кокшаров, Нарсис...