Немања Обрадовиќ добива македонски пасош и ќе игра за нашата репрезентација

26-годишниот ракометар на Металург, Немања Обрадовиќ наскоро ќе добие македонски пасош и ќе настапува за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство во Хрватската следната година. Средниот ред е изборот за уште една солуција на позицијата среден бек на селекторот Лино Червар.

Обрадовиќ е роден во Србија, настапувал за Металопластика, Јагодина и Напредак од Крушевац во Србија и Валонс во Франција. Средниот и лев бек веројатно ќе дебитира на мечевите со Исланд во мај, а во јуни нашата селекција ќе се сретне со Украина во гости и Чешка на домашен терен за крај на групната фаза.

Последен ракометар на позицијата среден бек кој доби пасош и настапуваше за македонската репрезентација беше Немања Прибак, кој на Мундијалот во Франција не беше повикан.