Нема загубена топка за капитенот: Радовиќ „полета“ и даде атрактивен гол со Мешков! (ВИДЕО)

Радовиќ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа голем успех и за првпат во историјата на клубот ќе играат на еден „фајнал-фор“ турнир на регионалното натпреварување. Во трилер-дуелот со Мешков Брест, пелистерци излегоа како победници дури по изведувањето на пеналита, а херој беше словенечкиот голман Урбан Лесјак, одбранувајќи го клучниот пенал.

Македонскиот вицешампион со нови сили и нов тренер истрчаа против Мешков, а главната улога на теренот ја имаше Мирко Радовиќ. Новоименуваниот капитен беше прав мотиватор на својата екипа, а во финишот од натпреварот уште еднаш докажа дека за него нема загубена топка и по една одбрана на противничкиот голман, „полета“ и даде атрактивен гол.

  • Голот на Радовиќ против Мешков Брест:

Пелистерци во Задар патуваат на полуфинален дуел со бранителот на титулата Веспрем.