Нема место за Македонци во „ол-стар“ тимот, Серафимов втор стрелец на СП

По крајот на Светското првенство (СП) за кадети во Скопје, беше претставен „ол-стар“ тимот и во него нема место за ракометари од репрезентацијата на Македонија.

Тројца доаѓаат од Германија, двајца се од Египет, додека по еден има од Данска, Португалија и Унгарија. На светскиот ракометен собир, за нов шампион крунисан е Египет кој во финалето беше подобар од Германија, додека Македонија го зазема 13. место.

  • „ОЛ-СТАР“ ТИМ НА КАДЕТСКОТО СП

Лево крило: Александер Рејман (Германија)
Лев бек: Хасан Валид Ахмед (Египет)
Среден бек: Лауриц Реинхолдт Легер (Данска)
Десен бек: Мартим Коста (Португалија)
Десно крило: даниел Кешкец (Унгарија)
Пивот: Том Бергнер (Германија)
Голман: Абделрахман Мохамед Хомајед (Египет)
Најдобар дефанзивец: Јулиан Костер (Германија)

МВП: Ахмед Хешам Елсајед (Египет)
Најдобар стрелец: Хасан Валид Ахмед (51 гол, Египет)

На листата на стрелци, најдобар од нашиот национален тим е Мартин Серафимов со вкупно 49 постигнати погодока.