Нексе скапо „си ја продаде кожата“, Рајн Некар ќе игра четвртфинале во ЕЛ

Ракометарите на Рајн Некар Левен потешко од очекуваното го решија двомечот против Нексе, откако дома одиграа само реми (27-27), но со двата гола предност од Нашице се пласираа во четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. 

Германците диктираа темпо уште од стартот, поведоа и со четири голови предност, ама Хрватите не се откажаа и во ниту еден момент не запреа. Во вториот дел Нексе во два наврати успеа и да поведе, но „лавовите од Манхајм“ на искуство дојдоа пред триумф. Сепак, иако имаа плус три во завршните минути, ракометарите на Нексе дојдоа до реми. 

Тројца ракометари се истакнаа на овој натпревар и тоа: Џери Толбринг со седум погодоци кај Рајн Некар Левен, додека кај Нексе по седум реализации имаа Пешиќ и Кевиќ,. Во германскиот табор шест погодоци запиша Андре Шмид. 

Останатите реванш дуели понудија помала неизвесност, а таму Монпелје победи кај Кадетен (25-32), Кристианштад слави и во вториот натпревар против Адемар Леон (31-34),а ГОГ Гудме се радуваше во Москва кај ЦСКА (30-35).