Нексе и Фуксе Берлин суверено грабат кон четвртфиналето на Европската лига

Фаворитите во првите осминафиналните натпревари од Европската лига на ЕХФ, Фуксе Берлин и Нексе Нашице се наоѓаат многу блиску до пласман во четвртфиналето. Уште во првиот елиминационен натпревар, Германците и Хрватите извојуваа гостински победи и со тоа следниот вторник пред своите гледачи треба само да ја потврдат фаворитската улога,

Нексе Нашице се созеде од поразите во Битола и Загреб и славеше во Дизелдорф против првакот на Украина, Мотор Запорожје. „Громовите“ извојуваа победа од 23-27 (8-13), со доминација од првата до последната минута. Вејин со седум и Бакиќ и Милета со по пет гола беа најефикасни за победничката екипа, а Турченко, Хориха и Кубатко постигнаа по пет погодоци за Мотор,

Една од најдобрите бундеслигашки екипи, Фуксе Берлин на поранешните вардарци Милосављев и Марсениќ го совлада Скјерн во Данска со 23-28 (11-14). Вебер со девет и Гидсел со седум гола беа најефикасни меѓу „лисиџите“, а Петерсен и Расмунсен со по четири гола се истакнаа кај Скјерн.

Преостанатите натпревари од осминафиналето се играат вечерва од 20:45 часот. Возвратните дуели се на програмата за седум дена. 

Најнови вести од
Европска лига