• Горан Упале
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави конечниот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж натпревар со Словачка, кој носи пласман на следното Светско првенство.
Во скратениот список на селекторот немаше место за неколку стандарди репрезентативци како што се Жарко Пешевски и Иван Галевски, а покрај Томовски и Митревски на голманската позиција ќе конкурира Гогов од Вардар.
Првиот натпревар се игра во Словачка на 14 мај, додека реваншот во Македонија е три дена подоцна. Собирот на селекцијата ќе се одржи на десетти мај во хотелот „Александар Палас“



