Некогашниот вардарец заминува во Бундеслигата?

Некогашниот ракометар на Вардар, Анте Кудуз, се наоѓа пред преселба во Бундеслигата...

Хрватот кој има 30 години си оди од Динамо Букурешт, а се најавува дека неговата следна дестинација може да биде Флензбург.

Кудуз беше дел од Динамо од 2022 година, а претходно покрај за Вардар, настапуваше и за Винтертур од Швајцарија и Вараждин од Хрватска.