Некогашниот вардарец замина во унгарска Татабања

Некогашниот ракометар на Вардар, Кристијан Дисингер, има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во редовите на унгарска Татабања.

32-годишникот беше дел од ПЛЕР од Унгарија, но си замина. Клубот соопшти дека не можел да се носи со финансиската понуда која Дисингер ја добил од друг клуб, а потоа беше потврдено дека Германецот е нов член на Татабања.

Во редовите на ПЛЕР, Дисингер постигна 36 гола на шест натпревари. Германецот играше за Вардар од 2018 до 2021 година и стана европски шампион во 2019 година. Беше дел уште и од Шафхаузен, Атлетико, Либек, Кил, Динамо Букурешт и Духаил.

Во Татабања во новата година нов тренер ќе биде повратникот Драган Ѓукиќ, а дресот на овој тим ќе го носат поранешните пелистерци Мараш, Секељи и Периќ.