Некогашниот вардарец Толедо доживеа хорор-повреда на Мундијалот

Унгарија славеше над Бразил (29-23) на Мундијалот, а „кариоките“ се во големи проблеми затоа што останаа без еден од лидерите во бековската позиција.

Хозе Толедо, некогашниот ракометар на Вардар, а сегашен член на Баја Маре, доживеа хорор повреда поради која натпреварот мораше да го напушти на носилки. При еден доскок во средината на првото полувреме, Бразилецот го повреди коленото.

Толедо се виткаше на земја од болка и врескаше, а лекарите на Бразил втрчаа на терен и според првичниот увид се работи за тешка повреда на лигаментите на коленото.

27-годишниот ракометар дополнително ќе биде ставен на прегледи, но според најавите, го чека неколкумесечна пауза од ракометните терени.