• Мартин Танасковски
Динамо Букурешт се подготвува за новата сезона во која бара „вајлд-карта“ во Лигата на шампионите, а амбициите ги потврди со ангажманот на поранешниот вардаров тренер Давид Дејвис Камара.
47-годишниот Шпанец на местото стратег на екипата доаѓа на местото на Чави Пасквал кој си замина во Веспрем. Во последните сезони, Дејвис го водеше египетскиот Ал-Ахли со кого ги освои титулите на домашната сцена.
Давид Дејвис Камара во два наврати работеше во РК Вардар, а беше дел и од ЖРК Вардар. Стартот му беше токму во Македонија во која работеше од 2014 до 2017 година. Потоа, беше дел од Вардар и во 2022 година.
Исто така Шпанецот ги водеше и Веспем, како и репрезентацијата на Египет, а во Русија ја имаше улогата на асистент.