• Мартин Танасковски
Шпанскиот клуб Уеска потврди дека десниот бек Јоел Куни Моралес ќе мора да оди на оперативен зафат по повредата што ја доживеа во неделата на дуелот против Санисентро Гвадалахара.
Кубанецот беше изнесен од терен на носилки веднаш по својата прва офанзивна акција, а првичните сомнежи за сериозна повреда се покажаа точни. Медицинските прегледи открија оштетување на Ахиловата тетива на левата нога.
Искусниот 38-годишен бек е опериран и ќе отсуствува неколку месеци, иако клубот не прецизираше точен рок за неговото враќање, наведувајќи дека сè ќе зависи од текот на опоравувањето.
Ова е ново големо разочарување за тимот на Хосе Ноласко, кој веќе претходно остана без црногорецот Мерис Бошњак, играч што Куни Моралес го замени поради неговата операција на менискусот.
