• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Холандија доби големо засилување пред настапот на Европското првенство во јануари 2026 година. Меѓународната ракометна федерација конечно ја одобри регистрацијата на кубанскиот лев бек Реиниер Табоада, кој отсега ќе може да го носи дресот на „лалињата“.
Табоада, кој е роден на Куба, во октомври 2024 година официјално доби холандски пасош, со што се отвори можноста да настапува за новата своја репрезентација. Процесот на негово одобрување траеше неколку месеци, но со позитивниот исход Холандија добива играч кој ќе внесе дополнителна ширина во бековската линија.
Станува збор за ракометар со искуство на високо ниво, кој се докажа со својата физичка подготвеност и прецизност во нападот. Со вклучувањето на Табоада, селекторот добива уште една опција во ротацијата, што ќе овозможи поголема флексибилност на бековските позиции.
Реинер Табоада во Македонија е познат по своите настапи за Еурофарм Пелистер.
