• Мартин Танасковски
Екипата на Крим продолжи да формира силем тим за следната сезона и донесе уште едно искусно засилување.
Нов член на словенечкиот првак во новата сезона ќе биде 34-годишниот десен бек Барбара Лазовиќ. Девојката која го носи прекарот „Барби“ поради нејзината убавина и името кое го има во минатото настапуваше за ЖРК Вардар.
Лазовиќ во Крим се враќа по осум години, а изминатите две години играше за романски ЦСМ Букурешт. Во Словенија покрај неа доаѓаат уште Александра Росијак (Полска), Јованка Радичевиќ и Матеа Плетикоса (Црна Гора) и Сара Коварова (Чешка).
Крим следната сезона ќе игра во групите на женската ракометна ЛШ.