Некогашната вардарка ѝ кажа збогум на репрезентацијата на 29 години

Селекцијата на Црна Гора продолжува со процес на подмладување, откако селекторската функција ја презеде Сузана Лазовиќ. Во составот редовно се вклучуваат нови имиња и млади ракометарки кои се гледаат како идни носители на играта на „лавиците“.

Паралелно со тоа, неколку искусни репрезентативки ставија крај на својата репрезентативна кариера, а нивниот пример го следеа и Итана Грбиќ и Ивона Павиќевиќ, кои иако имаат само 29 години, одлучија да се повлечат од националниот тим.

Информацијата ја потврди селекторката Лазовиќ пред почетокот на подготовките за последните два натпревари во квалификациите за Европско првенство во ракомет, со што Црна Гора ќе влезе во завршницата од циклусот со значително подмладен состав.

Итана Грбиќ, своевремено голем талент во ракометот, го носеше дресот на ѕвездениот ЖРК Вардар на почетокот на нејзината професионална кариера од 2014 до 2016 година, а потоа патот ја однесе во Будуќност, ЦСМ Букурешт, Ференцварош, Брест и Крим.