• Мартин Танасковски
Екипата на Бенфика договори нов лев бек за следната сезона и потпиша договор со Реинер Табоада од Куба, инаку поранешен играч на Еурофарм Пелистер.
Ракометарот кој е роден во 1997 година играше за Фредериција од 2022 година, но доаѓа во Бенфика заедно со Валјупов за да ја засили бековската шутерска линија.
Од неа според досегашните најави заминува Филип Талески, кој ќе остане без договор. Табоада играше за пелистерци во сезоната 2021/22, а претходно беше дел од француски Данкерк и Аванка од Португалија.