• Мартин Танасковски
Ракометните сезони се на самиот крај кај дамите, а во Австрија веќе е познат новиот шампион, тоа е тимот кој е еден од најомразените во Македонија заради историјата со нашите клубови.
Тоа е тимот на Хипо, кој своевремено важеше за ракометен гигант во Европа и беше главен ривал на Кометал Ѓорче Петров низ ѕвездените настапи во Лигата на шампионите.
Австрискиот тим до титулата дојде со двојна победа над Ацгерсдорф во финалната серија. За Хипо ова беше неверојатна и рекордна 47. титула во домашниот шампионат, доминација каква ретко се гледа низ ракометните шампионати во Европа.
ФОТО: Hypo Handballklub NÖ / Fac
