Некогаш најдобриот ракометар на светот ја прекина пензијата на 50 години

Легендарниот ракометен голман Хенинг Фриц со неполни 50 години реши да ја прекине пензијата и да му се врати на спортот.

Германецот потпиша за италијанскиот прволигаш ССВ Бозен, кој заедно со уште четири клуба водат тешка битка за титулата во земјата на „аѕурите“ каде фудбалот е спорт број еден, а ракометот е во развој.

Бозен за време на првенството се најде во проблеми затоа што му се повреди голманот, па така Фриц ќе ја спасува работата и ќе брани на следните неколку натпревари, додека актуелниот голман Нунгович не им се врати меѓу стативите.

Фриц, кој со Германија беше светски и европски првак и во 2004 година беше прогласен за најдобар ракометар во светот, кариерата ја заврши во 2012 година. Ова му е вторпат да се врати од пензија откако претходно во 2021 година принудно бранеше за Флензбург.