ВИДЕО: Нека биде вака и вечерва – пред две години им продадовме три цепелина на Шпанците

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонските ракометари беа посебно креативно расположени на натпреваротна 18 јануари 2017 година против Шпанија. По двата цепелина кои завршија со голови на Кире Лазаров, во првиот дел, и во второто полувреме момците на Червар ја надмудрија шпанската одбрана. Лазаров сега беше во улога на додавач, а Филип Миркуловски од втор план погоди за 20-22. Уште еден потег и реализација кои долго ќе се паметат во нашата богата ракометна ризница.  

Натпреварот заврши со победа на „фуријата“ со 25-29, но нашите репрезентативци ги собраа симпатиите во Мец.

Нека биде слично и вечерва кога пак во мундијалски дуел се среќаваат двете селекции со црвено-жолта боја како обележја. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0