ВИДЕО: Неизмерна тага во „Шпаркасе Арена“, прекрасен гест на Кил во чест на Кинтана

Кил

Во пресрет на мечот меѓу Кил и Целје Пивоварна Лашко, емотивно збогување беше испратено до Алфредо Кинтана, голманот на Порто.

Еден од најдобрите чувари на мрежата на денешницата почина откако доби срцев удар на еден тренинг. Докторите се обидуваа да му го спасат животот, но не успеаја да ја избегнат големата трагедија.

Прекрасниот гест предизвика емоции во „Шпаркасе Арена“:

Ракометниот свет тагува по кубанскиот интернационалец, а Порто во негова чест направи прекрасен гест и ја повлече „единицата“.