Недановски: Во првиот дел бевме рамноправни, но потоа ја загубивме главата

Двократниот европски шампион Вардар 1961 синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Рајн-Некар Левен со 25-34.

Германскиот претставник со оваа победа направи голем исчекор кон групната фаза од Европската лига на ЕХФ.

„Рајн-Некар Левен играше шеесер минути во силно темпо, а ние не издржавме до крај. Во првото полувреме бевме рамноправен противник, но откако измина 40. минута - ја загубивме главата.

Стравував дали ќе го издржиме нивното темпо и за жал не успеавме“, кажа тренерот Владо Недановски.

По овој развој на настаните реваншот следниот викенд во Германија треба да биде само формалност.