• Иван Димовски
Ракометарите на Вардар 1961 го загубија мечот од третото коло на Европската лига на ЕХФ против Порто во Скопје со 22-26. Одиграа скопјани солиден меч, беа рамноправни и во првиот дел диктираа темпо, меѓутоа многуте грешки и разбранетиот голман на гостите направија разлика.
На прес-конференцијата по натпреварот се обрати тренерот Владо Недановски. Тој го призна поразот и ги посочи главните проблеми на Вардар вечерва.
„Честитки на противникот за победата. Одигравме добар натпревар. Првото полувреме беше во наша корист и среќен сум како одигравме во одбраната во првиот дел. Второто полувреме лошо го отворивме, и иако се подготвувавме на нивниот напад 7 на 6 не беше доволно. Порто е екипа која со тренерот Андерсон преферира да игра 7 на 6 и една од подобрите екипи која го игра тоа. Имавме наша шанса да се вратиме во мечот, но на дело стапија нивните голмани со неколку интервенции“, изјави Недановски.
Вардар по победата над Валур забележа порази со Мелсунген и Порто. Сега патот до нокаут рундата е потежок и ќе треба да се бркаат победи на гости.