Недановски: Охрид покажа мотивација против Вардар, но одиме на победа

Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат домаќини на четвртфиналната група во Купот на Македонија во која се натпреваруваат уште Охрид, Јуниор Кисела Вода и Скопје. 

Прв ривал на „црвено-црните“ ќе биде екипата на Охрид. „Гладијаторите“ имаат свои мотиви, но јасно кој е фаворит, а и покрај тоа тренерот Владо Недановски зборуваше со респект за противникот. 

„Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искуни играчи. Покажаа дека кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч, а и сега нема да е многу поразлично од досегашните.

Вардар е фаворит, и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посеирозни повреди. Ова е втор дел од сезоната и тоа е нормално, но секако не се тоа големи проблеми. Не размслуваме за што понааму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелистер“, кажа Недановски.

Пресметката во СЦ „Јане Сандански“ се игра в сабота во терминот од 17:00 часот. Ден подоцна е закажано и финалето на оваа група.