Недановски: Ни фалеа клучни играчи, ама тоа не смее да ни биде алиби

Македонскиот ракометен првак Вардар доживеа пораз од Војводина (33-24) во последното коло од групната фаза на СЕХА-лигата и реши да игра осминафинале, наместо да се соочи со Веспрем во нокаут-рундата пред Ф4.

По натпреварот, пред медиумите говореше асистент-тренерот Владо Недановски, кој ги кажа своите импресии од средбата во Нови Сад.

„Војводина не надигра денес, беа доста подобар противник од нас во текот на целата средба. Ни фалеа клучни играчи, ама тоа не смее да биде алиби. Моравме да бидеме подобри, посебно во дефанзивата од играта“, изјави Недановски.

Во име на „црвено-црните“ говореше и искусниот Тимур Дибиров.

„Честитки за Војводина. Секогаш се чувствувам убаво кога играм тука и ова беше заслужена победа за домаќините. Имаме многу работи да поправиме за да бидеме подобри на следната средба“, изјави Дибиров.

Првата средба на Вардар во нокаут-рундата, односно осминафиналето, ќе му биде најверојатно против Металопластика, а потоа со победникот од групата А и тоа најверојатно ќе биде тимот на ППД Загреб.