Недановски ќе прозива на 17 јули, договорени настапи на два турнири

Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар 1961 ќе ги почнат на 17 јули во Скопје, за кога е закажан и првиот собир на тимот.

Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките. Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.

Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август.

Во меѓувреме се очекува ждрепката во Лига Европа, и противниците во натпреварите.