• Мартин Танасковски

Тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски, даде коментар по дербито со Еурофарм Пелистер (31-24) кое се одигра во Скопје и беше прво од двете за титулата во македонската лига. Стратегот истакна дека победата радува, но мора да се биде претпазлив.
„Среќен сум за победата, како што кажав пред мечот само таа ни беше важна, испадна да е со висока гол-разлика, но пак ќе напоменам, еден може да е многу, десет гола да се малку. Игравме да победиме, го добивме дуелот со седум разлика, во преубав амбиент. Малку дамка остави меѓу „Чкембари“ и „Комити“, но тоа ни е познато, Сакам да им честитам на играчите за борбеноста и нека ни е со среќа триумфот“, изјави Недановски по мечот.
Второто дерби за титула во Битола во салата „Боро Чурлевски“ се игра на почетокот на мај.