• Мартин Танасковски

Романија доживеа пораз од Црна Гора и остана без шанси за место во нокаут-рундата на Европското првенство (ЕП), но еден статистички параметар засекогаш ќе се памети по овој меч за Романките.
Имено, Кристина Неагу беше најдобар стрелец на натпреварот и така стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Една од најдобрите светски ракометарки дојде до бројката од 296 гола и така на „вечната листа“ во двете конкуренции - мажи и жени - го мина Гудјон Валур Сигурдсон од Исланд со 288 гола.
На третото место е Никола Карабатиќ со 279 гола, пред Микел Хансен со 260 гола, додека петта е Јованка Радичевиќ од Црна Гора која има 205 гола, но тешко дека ќе може да напредува затоа што треба да направи чудо во натпреварите кои следат.
- Комплетната листа на топ-стрелци на ЕП (мажи и жени):
