Неагу и Цвијиќ го „наполнија“ Ференцварош

ЦСМ Букурешт како домаќин беше подобар од Ференцварош (27-24) и запиша нова победа во втората фаза од женската ракометна Лига на шампиони.

Романскиот тим фати залет и дојде до нов полн плен со кој влегува во борба за подобра ситуација на табелата пред четвртфиналните средби. Сите четири екипи сега што се влезени во четвртфинале имаат по девет бода, со тоа што ЦСМ е со меч помалку.

Најдобра на мечот беше Неагу со осум гола, а ја следеше Цвијиќ со седум, додека Андреа Лекиќ заврши со четири гола. Кај ФТЦ, Викторија Лукач заврши со седум погодока.

ЦСМ во наредното коло гостува кај лидерот Мец, додека ФТЦ ќе биде домаќин на Есбјерг.