Неагу ги уништи Норвежанките, Шпанија шокирана од Унгарија

Женската ракометна репрезентација на Романиjа приреди уште едно изненадување во групната фаза на Европското првенство во Франција. Имено Кристина Неагу и нејзините репрезентативни колешки ја декласираа најсилната селекција на последните големи приредби, Норвешка со 23-31 (12-18).

Неагу постигна 11 гола и беше нерешлива енигма за европскиот првак. Кај Скандинавките се истакна Кристијансен со пет постигнати гола. Норвешка загуби од двете селекции кои ја мина групата, па нема да пренесе ниту еден бод. Тоа значи дека само чудо може да ја сврсти во полуфиналето и борбата за медали. 

Изненадување се случи и во дуелот во рамките на Ц групата, бидејќи малку кој очекуваше лесна и убедлива победа на Унгарија против Шпанија со 32-26 (19-14). Во унгарскиот табор најефикасни беа Симонета Планета со осум и Надине Шацл со пет гола.