„Не постои поголема мотивација од таа што ќе играме против европскиот шампион“

Српскиот ракометен шампион, Војводина, вечерва го игра најголемиот овосезонски натпревар пред својата публика, затоа што му гостува европскиот првак Вардар

Од домашниот табор се надеваат дека фановите ќе ја исполнат „Сланој Бари“ до последно место и ќе бидат од големо значење за пулените на Борис Ројевиќ. Стратегот на Војводина вели дека на своите избраници не им треба некој поголем мотив, затоа што играњето против европскиот шампион е најголем мотив. 

„Би сакал да ги повикам сите ракометни фанови да дојдат на овој натпревар и заедно да му се спротиставиме на најдобриот тим во Европа. Сè е убаво кога ќе имаш ваков повод. Но, голема штета е што не можеме на терен да излеземе со 100% од силите, имаме повреди ракометари и тоа ќе биде голем хендикеп за нас. Но, и на оние кои ќе се борат против Вардар нема да им треба некоја поголема мотивација, затоа што играат против европскиот шампион“, рече српскиот стратег. 

Натпреварот меѓу Војводина и Вардар е закажан за вечерва од 20:45 часот, а претходно вториот македонски претставник Еурофарм Работник во Битола ќе го пречека ППД Загреб