Не помогнаа десетте гола на Чупиќ, Хрватите го „положија оружјето“ пред Франција

Хрватска

Одличната Хрватска на Хрвоје Хорват попушти во завршницата и дозволи пресврт против Франција (30-26) во првото коло од квалификациите за Олимписките игри во Токио.

Големите ривали ги задоволија очекувањата на фановите и одиграа еден квалитетен дуел. Хрватите го добија првиот, а „триколорите“ вториот дел, со нијанса повисока разлика.

Хрватската репрезентација одигра перфектно полувреме. Го презеде водството и не го испушти до крај, а со солидна одбрана стигна до 15-12.

Противникот заигра подобро во дефанзивата и очекувано ја „стопи“ негативата. Во еден момент и го презеде водството (25-24), па тоа донесе неизвесни завршни минути.

Мае и Фабрегас се разиграа во вистински момент и ја направија разликата. На крај искуството беше доволно за француските ракометари да ја сочуваат предноста и да слават голема победа на отворањето на олимписките квалификации.

Мем и Мае со по пет гола беа најефикасни кај Франција, додека во редовите на Хрватска феноменален беше Чупиќ со десет погодоци.