Не помогна ниту огромната поддршка од „Гробари“, Војводина останува шампион на Србија

Ракометарите на Војводина го совладаа Партизан и во вториот натпревар од финалната серија на Аркус лигата и ја освоија десетта последователна титула српски првак. 

Тимот од Нови Сад поради немилите сцени во првото соочување настапи без неколку клучни играчи, но и покрај тоа успеа да ја оправда улогата на фаворит и ја впиша својата единаесетта шампионска титула во клупската историја - 28-20 (9-9).

На „црно-белите“ не им помогна ниту армијата „Гробари“ кои во огромен број го бодреа својот тим, но Партизан немаше сили за изненадување против искусниот противник.

Васиќ беше најефикасен во победничкиот табор со шест гола, Миленковиќ го следеше со пет, а Томиќ и Пухоски додадоа по четири гола. Зечевиќ и Којадиновиќ со по пет гола ја предводеа листата на стрелци на Партизан.

Војводина зад себе има феноменална сезона, во која може да дојде до историската тројна круна, бидејќи наскоро ја очекува финалето на ЕХФ Купот (норвешки Нербо) и Купот на Србија (Динамо од Панчево).