Не помогна ниту Атман: Спартак Москва го загуби Куп-финалето од Чеховски Медведи

Екипата на Спартак Москва во последните денови од трансфер периодот доведе неколку квалитетни засилување, меѓу кои и сега веќе поранешниот член на Вардар, Павел Атман, но сепак, не успеа да го симне од тронот тимот на Чеховски Медведи, кога во прашање е Купот на Русија. 

Во денешното финале на националниот Куп, шампионот Чеховски Медведи извојува сигурна победа над големиот ривал од 27-24 и по третпат во низа го освојува ова натпреварување. 

Сехалигашот одигра одличен натпревар, но кризниот период од финишот од првиот дел и серијата на Чеховски од три гола, на крај беше пресудно за освојувачот на Куп-трофејот. 

Најдобар стрелец кај Чеховски Медведи беше Кирил Котов со седум голови, додека во редовите на Спартак прв стрелец беше Алексеј Фокин со шест, а Атман постигна два гола.